Анџелина Џоли по вторпат ја зеде режисерската палка, а нејзиното ново дело е филмот „Unbroken“. Филмот е базиран на вистинската приказна за Луи Замперини, воен херој заробен и мачен од Јапонците за време на Втората светска војна.
За жал, Замперини не ја дочека премиерата која е закажана за 25 декември и почина минатата недела, на 97-годишна возраст.
Трејлерот го следи животот на Замперини, кој учествувал на Олимписките игри во 1936 година, а за време на Втората светска војна бил дел од военото воздухопловство на САД.
Во април 1942 година тој и двајца негови сопатници преживеале авионска несреќа. Цели 47 дена тие пловеле по Тихиот Океан, гасејќи ја жедта со вода која ја собирале додека врнело дожд и хранејќи се со мали риби кои ги јаделе живи. Но, кошмарот на Замперини продолжил, бидејќи тој бил заробен од Јапонците и садистички мачен до крајот на војната.
Филмот е сниман според бестселерот „Unbroken: A World War II Story of Survival, Resilience, and Redemption“.