Анџелина Џоли денес го слави својот 40. роденден. Славната актерка, која е во брак со еден од најпосакуваните холивудски заводници Бред Пит и мајка на шест деца, влегува во петтата деценија од својот живот.
Инспиративната оскаровка, која непрекинато се вклучува во хуманитарни активности, давајќи им глас на немоќните, заслужено ја доби почесната награда за хуманост „Џин Хершолт“ во 2013 година. Неодамна Џоли беше прогласена за почесна дама од кралицата Елизабета II, за својата хуманитарна работа против сексуалното насилство во воените зони и беше лично одликувана од самата кралица.
Потсетете се на 40 од највпечатливите стилски моменти на Џоли, која многупати досега е прогласувана за најубава жена на светот.











