Почетна » Новости » Животни стории » Пар од Мостар посвои три деца кои никој не ги сакал поради болести, им даде топол дом и љубов

Пар од Мостар посвои три деца кои никој не ги сакал поради болести, им даде топол дом и љубов

Семејствата се создаваат на многу начини.

Пар од Мостар посвои три деца за кои никој не покажувал интерес поради нивните болести, им даде топол дом и им покажа што е љубов.

Озренка и Ивица Барбариќ не можеле да имаат свои биолошки деца, па пред 13 години, донесле одлука да станат родители преку посвојување. Ним не им биле важни ниту полот, ниту возраста, ниту националноста, ниту здравствената состојба на децата.

„Со сопругот во срцата верувавме дека нас нашето дете ќе нè пронајде. Така и се случи. Значи, она што го сонуваш, тоа се случува“ – рекла Озренка.

Првото дете, ќерката Рита, ја примиле во нивниот дом во 2012 година. Девојчето се родило предвреме и било во инкубатор, па никој не покажал интерес за него.

„Никој не беше заинтересиран за неа. Кога ни се јавија, беше на респиратор и реално се бореа за нејзиниот живот. Докторите се сомневаа и на Даунов синдром. Денес Рита е седмо одделение, одлична ученичка е и има освоено второ место на Федералниот натпревар во својата категорија за пијано.“

„Слично беше и со нашето момче Јона. Од 80 парови никој не се пријави, а ни рекоа дека има срцева маана и слично. Тој денес е едно 6-годишно чудо од дете. Додека Мила, која ќе наполни седум години и која до неодамна не знаеше да изговори ниту збор, сега чита и пишува, многу е отворена и има доминантен карактер, така што некогаш навистина вреди да се ризикува“ – рекла Озренка за босанскиот медиум „Dnevni avaz“.

Барбариќ велат дека многу парови коишто сакаат да посвојат дете имаат различни барања и услови и дека самите си ги намалуваат шансите.

„Ниту биолошките родители не можат да го изберат полот, ниту да знаат дали нивното дете ќе се роди здраво. Има такви кои велат дека сакаат дете до три години. Ако се пронајде дете кое има три години и два месеци, тогаш никој нема да им се јави...“ – објаснуваат тие.

Озренка и Ивица не ни замислувале дека некогаш ќе имаат три деца, но сега се пресреќни поради тоа. Децата напредуваат и ги надминуваат сите очекувања.

ФОТО: Facebook / Ozrenka Barbaric, ВИДЕО: Federalna novinska agencija - FENA

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23494 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.