Почетна » Новости » Актуелно » Роденденски денови на Техномаркет во Diamond Mall – намалени цени на цела техника и многу изненадувања

Роденденски денови на Техномаркет во Diamond Mall – намалени цени на цела техника и многу изненадувања

Салонот на Техномаркет Македонија во Diamond Mall (на првиот кат) овие денови го одбележува својот прв роденден. По тој повод, тимот на Техномаркет Македонија организира роденденска акција во овој продажен салон, која ќе трае до 9-ти март (недела).

Сите потрошувачи имаат можност да купат техника по значително пониски цени, но и да бидат сведоци на многу изненадувањa и подароци во салонот во Diamond Mall.

Техномаркет Македонија

Имено, продавницата, која е лоцирана на првиот кат во Diamond Mall и се простира на 1.200 м2 е 21-от продажен салон на компанијата, која повеќе од 28 години претставува еден од водечките брендови за продажба на техника и производи за домаќинство.

Овој продажен салон на Техномаркет изминатава година беше посетен од десетици илјади граѓани, задоволни потрошувачи, кои одлучија својот дом или деловен простор да добие нова димензија, да стане уште пофункционален и покомфорен за нив и нивните блиски.

Техномаркет Македонија

Голем број на клиенти – потрошувачи благодарејќи на ниските цени и промотивни акции одлучија да го променат и својот начин на живот, да внесат здрави навики во своето секојдневие преку производите кои се наменети за здрава и балансирана исхрана. За многумина, овој салон беше причина да однесат подарок на своите блиски, имајќи предвид дека Техномаркет изобилува со производи кои се наменети за различни возрасни групи.

Дополнително, овој период тимот на Техномаркет ја спроведува и својата осмомартовска кампања за Денот на жената (8 Март). Голем дел од производите наменети за жени се намалени и за повеќе од 30%. Март е месец на жената, месец на подарување, на љубов, почит и внимание.

Техномаркет Македонија

Нека роденденската акција во салонот во Diamond Mall, празничниот период и најавата на пролетта ни донесат нова енергија во домот, на работното место, во нашето слободно времеи секојдневие.

Купувајте по значително пониски цени и посветете време за себе и за Вашите сакани.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23498 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.