Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Том Круз и Кејти Холмс се разведуваат по 5 години брак

Том Круз и Кејти Холмс се разведуваат по 5 години брак

Разделбите и разводите во Холивуд продолжуваат. Том Круз и Кејти Холмс се разведуваат. Веста за разделбата ја потврдил адвокатот на актерката.

Кејти и Том на забавата на Vanity FairКејти и Том на забавата на Vanity Fair

„Ова е лична и приватна работа за Кејти и нејзиното семејство. Нејзина основна грижа остануваат, како и секогаш, интересите на нејзината ќерка“ – изјавил адвокатот на Кејти за People.

49-годишниот актер се ожени со 33-годишната актерка во Италија во ноември 2006 година. Заедно имаат една ќерка, 6-годишната Сури.

Нивниот брак се сметаше за еден од најстабилните во Холивуд и досега не се појавија гласини дека холивудската двојка има брачни проблеми.

Кејти и СуриКејти и Сури

Ова беше прв брак за Кејти, а трет за Том. Славниот актер претходно беше во брак со Никол Кидман и Мими Роџерс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.