Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс порасна. Слатката Сури наполни 13 години и го прослави својот роденден во друштво на пријателки и мајка си.
Насмеаната тинејџерка беше фотографирана од папараците додека си заминуваше од вечера во ресторан во Њујорк и измами многу комплименти за изгледот.
Сури и нејзините пријателки беа облечени во цветни фустанчиња и патики.
Пред да се сретне со ќерка си, Кејти беше фотографирана со голема кеса во раката.
Кејти Холмс и Том Крус ја започнаа својата врска во 2005 година, а една година подоцна стапија во брак. Сури е родена на 18 април 2006 година, на првата годишнина од нивниот прв љубовен состанок. Парот се разведе по пет и пол години брак, а Кејти го доби старателството.
Сè почести се гласините дека Том оттогаш нема никаков контакт со ќерка си.