Том Круз повторно влегува во улогата на Маверик во продолжението за „Top Gun“.
„Paramount Pictures“ го објави првиот трејлер за „Top Gun: Maverick“ во кој 57-годишниот актер ќе има задача да го обучува синот на неговиот поранешен партнер Гус, кој почина за време на вежба. Кадрите од видеото потсетуваат на првиот дел од филмот од 1986 година.
„Top Gun: Maverick“ ќе започне да се прикажува во кино салите во јуни следната година.
Трејлер за „Top Gun: Maverick“
Потсетете се на првиот дел од „Top Gun“.