Еден од најпопуларните холивудски парови, Том Круз и Кејти Холмс, ја воодушеви публиката на добротворната гала вечер „A Fine Romance“ со секси настап. Прекрасната актерка ја испеа познатата песна „Whatever Lola Wants, Lola Gets“ од мјузиклот „Damn Yankees“ и ја надополни со секси кореографија во која учествуваше и Том Круз.
31-годишната актерка како професионалка ја забавуваше публиката, меѓу која беше и Кетрин Зета Џонс. За да се припреми за настапот Кејти соработувала со познатиот кореограф Тајс Диорио.