Том Круз и Џејмс Корден скокнаа заедно од авион со падобрани, а видеото од нивната авантура измами многу насмевки кај нивните фанови.
56-годишниот актер, кој може да се каже дека е експерт во оваа област, не покажува ниту малку страв додека 39-годишниот водител е преплашен пред скокот од 4.500 метри.
Видео
Во шоуто на Корден, Том призна дека само за да сними една сцена од новиот филм „Mission: Impossible – Fallout“, скокнал 106 пати од авион. Во опасната сцена тој го изведува скокот наречен HALO (скокање од огромна висина и отворање на падобранот блиску до земјата). Том скокнал од висина од 7,6 километри, а го отворил падобранот на само 600 метри.