Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пред 15 години: Анџелина Џоли се омажила по фармерки за Били Боб Торнтон

Пред 15 години: Анџелина Џоли се омажила по фармерки за Били Боб Торнтон

Кога Анџелина Џоли стапи во брак со Били Боб Торнтон во 2000 година, очигледно не сакала типична свадба, ниту пак ѝ било важно да облече венчаница.

Daily Mail објави две фотографии од склучувањето на бракот меѓу Џоли, која тогаш имала 24 години и Торнтон, кој имал 44 години. На нив, Анџелина позира облечена во фармерки и сива маица без ракави. Покрај неа се Били Боб и свештеникот Џим Хамилтон, кој го официјализирал нивниот брак.

Анџелина Џоли и Били БобАнџелина Џоли со Били Боб и свештеникот Хамилтон

Хамилтон открил детали за свадбениот ден на 39-годишната хуманитарка и 59-годишниот актер и ги покажал фотографиите направени во црквата каде тие стапија во брак.

Хамилтон со фотографија од Џоли и Били БобСвештеникот Хамилтон со фотографијата од Џоли и Били Боб

Бракот меѓу Анџелина и Били Боб бил склучен на 5 мај 2000 година, кога парот се враќал дома по снимање на филм во Јута. Претходно славните актери биле во врска само два месеца.

Анџелина Џоли и Били Боб

Свештеникот Хамилтон се сеќава дека бил изненаден кога ја видел славната двојка, бидејќи немало претходна најава за нивниот брак. „Влегоа и веднаш ги препознав, таа беше многу позната во тоа време и се разбира сè уште е. Едноставно набрзина влегоа и излегоа, тоа и беше нивната намера. Внатре немаше никој друг освен нашиот фотограф и еден од нивните сниматели, кој им стана кум. Веста се прошири подоцна и следниот ден местото беше преплавено со папараци“ – рекол свештеникот.

„Јас лично не мислам дека нивниот брак беше планиран, туку дека беше спонтана одлука“ – додал свештеникот.

Анџелина Џоли и Били БобАнџелина Џоли, Били Боб, свештеникот Хамилтон и нивниот кум Црквата каде Џоли и Били Боб стапиле во бракЦрквата каде Џоли и Били Боб стапиле во брак

Џоли и Боб се разделија две години по стапувањето во брак, а во мај 2003 беше завршена процедурата за развод. Тоа беше втор брак на Анџелина, а петти на Били Боб.

Во август минатата година, Џоли стапи во брак со својот долгогодишен партнер Бред Пит. Пред еден месец стана јасно дека и Били Боб тајно ја крунисал со брак својата долга врска со Кони Англанд.

Анџелина Џоли и Бред Пит Били Боб и Кони АнгландБили Боб со својата нова сопруга Кони Англанд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18959 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.