Веднаш по француската венчавка, Анџелина Џоли и Бред Пит заминаа во Малта каде го започнаа снимањето на својот втор заеднички филм „By The Sea“.
Првите фотографии од романтичната драма на славниот пар беа објавени од списанието „Entertainment Weekly“.
Во „By The Sea“ Џоли глуми поранешна танчарка, додека Пит ќе влезе во улогата на американски писател. Дејството се одвива во 70-тите години, кога парот се соочува со брачна криза.
39-годишната актерка не само што е ѕвезда во филмот, туку таа и го напиша сценариото, а е и режисерка и продуцентка.
Снимањето на филмот се очекува да трае до средината на ноември.
Бред и Анџелина го користат престојот во Малта и за работа и за задоволство. Тие не пропуштаат и да се релаксираат заедно со своите деца. Големото семејство беше фотографирано на луксузна јахта.