За време на свечена манифестација во Лас Вегас беа соопштени имињата на добитниците на музичките награди на „Billboard“.
Тејлор Свифт доминираше меѓу победниците на вечерта. 25-годишната музичка ѕвезда прими 8 награди, меѓу кои и за Најдобар изведувач, Најдобар женски изведувач, Најдобар Billboard 200 албум и Најдобар Billboard 200 изведувач.
Сем Смит беше прогласен за Најдобар машки изведувач и Најдобар нов изведувач, a Џон Леџенд победи во категоријата Најдобра радио песна со „All of Me“.
Фарел Вилијамс ги доби наградите за Најдобар R&B изведувач, Најдобар R&B албум и Најдобра R&B песна за хитот „Happy“.
Хозиер е Најдобар рок изведувач, а неговата „Take Me to Church“ е Најдобра рок песна. „Ghost Stories“ на Coldplay е Најдобар рок албум.
Калвин Харис е Најдобар денс/електронски изведувач, „Frozen“ го има Најдобриот саундтрак, додека „Sex and Love“ му ја донесе на Енрике Иглесијас наградата Најдобар латино албум.
Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.