Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Победниците на Billboard Music Awards 2016

Победниците на Billboard Music Awards 2016

Синоќа Лас Вегас собра голем број славни личности. На манифестацијата, одржана во „T-mobile“ арената, беа доделени музичките награди на „Billboard“.

The Weeknd беше големиот победник на вечерта и одведе дома вкупно осум награди, меѓу кои за Најдобра R&B песна за „The Hills“, Најдобар R&B албум за „Beauty Behind the Madness“, Најдобар Hot 100 изведувач и Најдобра радио песна.

The Weeknd

Адел беше на второ место по број на награди и стана Најдобар изведувач, Најдобар женски изведувач и Најдобар Billboard 200 изведувач, додека нејзиниот албум „25“ беше прогласен за Најдобар Billboard 200 албум.

Џастин Бибер беше избран за Најдобар машки изведувач, а во негови раце заврши и наградата за Најпопуларен изведувач на социјалните мрежи.

Џастин Бибер

Песната посветена на прерано починатиот актер Пол Вокер, „See You Again“ на Виз Калифа и Чарли Пут, беше избрана за Најдобра Hot 100 песна и за Најдобра рап песна, додека Најдобар саундтрак има филмот „Pitch Perfect 2“.

Виз Калифа

One Direction ја доби наградата за Најдобра група, Дрејк беше прогласен за Најдобар рап изведувач, во рацете на Лук Брајан заврши трофејот за Најдобар кантри изведувач, Ромео Сантос победи во категоријата Најдобар латино изведувач, а Дејвид Гета беше лидер во категоријата Најдобар денс изведувач.

Дејвид Гета

Дуото twenty one pilots ја присвои наградата за Најдобар рок изведувач, а нивниот албум „Blurryface“ беше прогласен за Најдобар рок албум.

Бритни Спирс ја доби специјалната награда„Millennium Award“, додека Селин Дион беше прогласена за икона во музиката, освојувајќи ја „Billboard Music Icon Award“.

Бритни Спирс Селин Дион

Целосната листа на победници можете да ја видите тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.