Настапите на Пинк се секогаш впечатливи и енергични, па таа не ја разочара публиката ниту со настапот на Brit Awards.
На овогодишното доделување на Британските музички награди, 39-годишната пејачка моќно ја изведе својата нова песна „Walk Me Home“, како и хитовите „Just Like Fire“, „Just Give Me a Reason“, „Try“ и „What About Us“.
Видео
На манифестацијата која синоќа се одржа во Лондон, Пинк ја доби наградата на особен придонес во музиката.
Видео
"It's been an awesome 20 years. Here's to 20 more!" @Pink you are one of a kind! #BRITs pic.twitter.com/XQvnmCUgip
— BRIT Awards (@BRITs) February 20, 2019
Таа пристигна на настанот во жолт фустан од Cushnie и црна кожена јакна.