Пред неколку дена Пинк го објави својот нов сингл „What About Us“, а сега ги израдува своите фанови и со спот.
Видеозаписот, кој испраќа политичка порака, е режиран од Џорџија Хадсон, додека за кореографијата се погрижија Goldenboyz.
Седмиот студиски албум на 37-годишната музичка ѕвезда, насловен „Beautiful Trauma“, ќе пуштен во продажба во октомври.
Пинк ќе се закити со Michael Jackson Video Vanguard Award на овогодишните MTV VMA.