Денес се одржа свеченото отворање на 65-тото издание на Евровизија.
На тиркизниот тепих во Ротердам, зачекори македонскиот претставник Васил Гарванлиев, кој позираше пред бројните фоторепортери и даде своја изјава за новинарите.
Црниот стајлинг, тој го „разби“ со круна од мали огледала.
Парчињата огледала ќе бидат дел и од аутфитот на Васил за евровизискиот настап. Коментирајќи го огледалото како значаен елемент од изведбата, Васил во интервју за YouTube ѕвездата Ники изјави:
„Целата метафора околу тоа е... Многупати кога луѓето нè напаѓаат, ние сме рефлексија на нивните несигурности. Огледалото е твојот најдобар пријател или најлош непријател. Низ настапот, ја претвораме темнината во светлина. Секоја негативност која доаѓа до тебе, во моментот кога ќе стигне до тебе, ги отвораш рацете и ѝ велиш ‘влези, но ќе те претворам во светлина’“.
ВИДЕО:
Васил ќе настапи со песната „Here I Stand“ на првата полуфинална вечер на 18 мај.
Втората полуфинална вечер е закажана за 20 мај, а големото финале ќе се случи на 22 мај.