Луисана Лопилато го придружуваше својот сопруг Мајкл Бубле на Juno Awards 2018 во Канада. Парот, кој го очекува третото дете, со широки насмевки позираше на црвениот тепих.
30-годишната ѕвезда од серијата „Млади бунтовници“ го истакна трудничкото стомаче во црна креација со длабоко деколте од Lorena Horeyco. Во својот стајлинг, аргентинската актерка додаде обувки од Jimmy Choo.
Can you feel the love? #JUNOS https://t.co/NJXzDK2yQw pic.twitter.com/BkOsLZzSiC
— The JUNO Awards (@TheJUNOAwards) March 26, 2018
Луисана и Мајкл се во брак седум години и се родители на 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Елијас.
Парот ги шокираа своите фанови кога во ноември 2016 година објави дека Ноа се бори со рак на црниот дроб. Тие веднаш се повлекоа од сцената и се посветија на приватниот живот.
Неколку месеци по страшната дијагноза, семејството сподели дека Ноа одлично напредува. „Сакам да споделам со сите вас дека благодарение на Бог, син ми е добро. Секако, процесот е долг, како што знаете сите, и Ноа мора да продолжи со контроли. Но, ние сме многу среќни и многу сакаме да размислуваме за иднината, да ги гледаме нашите синови како растат. Тешко е да се зборува, бидејќи сето тоа се случи пред многу кратко време, па јас сум малку чувствителна на оваа тема“ – изјави Луисана.