Луисана Лопилато и Мајкл Бубле редовно ги радуваат своите обожаватели со видеа во живо на Instagram.
Во нивниот дом во Ванкувер, ѕвездата од „Млади бунтовници“ и славниот пејач зборуваат за приватни моменти и одговараат на прашања кои им ги поставуваат фановите.
Иако Луисана и Мајкл го чуваат приватниот живот подзатскриен од јавноста, тие во видеата покажаа две од своите пораснати дечиња.
Пред неколку дена се појави нивната едногодишна ќеркичка Вида, а во најновото видео „упадна“ четиригодишниот Ноа.
Видеа:
Во 2016 година, на Ноа му беше дијагностициран рак на црниот дроб, но малото момче успеа да ја победи болеста.
Лопилато и Бубле се во брак од 2011 година и имаат уште едно синче – Елиас.