Луисана Лопилато и Мајкл Бубле за првпат се појавија на голема свеченост откако споделија дека го очекуваат нивното четврто дете.
46-годишниот пејач и 34-годишната актерка во гламурозно издание зачекорија на Billboard Music Awards во Лас Вегас.
Убавата ѕвезда од серијата „Млади бунтовници“ го истакна трудничкото стомаче во блескав краток фустан со пердуви од Nadine Merabi.
Мајкл Бубле ѝ го галеше трудничкото стомаче на саканата додека заедно позираа пред бројните фоторепортери.
Луисана и Мајкл објавија дека го очекуваат четвртото дете во неговиот спот за „I'll Never Not Love You“.
Заљубените ѕвезди се запознаа во 2009 година кога заедно го снимаа спотот за „Haven't Met You Yet“.
Тие стапија во брак во 2011 година и се родители на 8-годишниот Ноа, 6-годишниот Елиас и 3-годишната Вида.