Мајкл Бубле го објави спотот за баладата која ѝ ја посвети на својата бремена сопруга Луисана Лопилато.
Во видеото за песната „Close Your Eyes“, 37-годишниот Канаѓанец пее пред голем екран на кој се прикажуваат снимки од среќни парови. Спотот завршува со насмеаната Лопилато на свадбениот ден.
Бубле изјавил дека песната и спотот се за силата на жените и за тоа колку мажите зависат од нив. „А луѓето ги сметаат жените за послабиот пол. Колку будалесто е тоа?“ – изјавил Мајкл.
Мајкл и Луисана, кај нас позната по серијата „Млади бунтовници“, се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач признал дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака, а во март 2011 година тие стапија во брак.
На почетокот на годинава објавија дека го очекуваат своето прво дете.