Лорен Конрад и Вилијам Тел го очекуваат второто дете.
33-годишната дизајнерка објави фотографија од трудничкото стомаче за да им ја сподели убавата вест на своите фанови. „Ми беше тешко да го чувам ова за себе! Многу сум возбудена што споделувам дека нашето семејство ќе се зголеми оваа година“ – напиша таа во описот на Instagram.
Конрад и Тел стапија во брак во септември 2014 година, а нивното прво дете, синчето Лиам Џејмс, се роди во јули 2017 година.