Лорен Конрад направи голем чекор во својата кариера како дизајнерка, презентирајќи своја колекција во рамките на Њујоршката недела на модата.
29-годишната креаторка и авторка заработи многу комплименти за капсулната колекција LC Runway за брендот Kohl’s.
Шармантната колекција со винтиџ примеси би го намамила погледот на секоја млада дама која сака модерен и женствен изглед. За инспирацијата која ја пронаоѓа во винтиџ облеката Конрад коментирала: „Тоа ги прави прачињата уникатни и специјални. Изгледаат речиси како да се најдени, а не нови. Сакам малку шарм кај мојата облека.“
Лорен дизајнира за Kohl’s веќе шест години, но ова е прва колекција презентирана со модно шоу.
Меѓу славните гостинки на ревијата беа Криси Тиген, Оливија Кулпо, Ешли Тисдејл и Дилан Пен.