Почетна » Новости » Актуелно » Првиот македонски анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против галаксијата“ од петок во киносалите

Првиот македонски анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против галаксијата“ од петок во киносалите

Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата кино авантура.

Од 1 ноември, петок, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Киноверзум“ а наскоро доаѓа и во другите градови низ Македонија.

„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси.

Јон Вардар против галаксијата

Режијата е на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Јон Вардар против галаксијата

Филмот кој е најголемиот анимациски копродукциски проект на Балканот, е изработен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на фестивалите „Ситџес“ во Шпанија, „Киненова“ во Македонија и „Мостра Сао Паоло“ во Бразил.

Билетите во „Синеплекс“ се пуштени во продажба.

Јон Вардар против галаксијата Јон Вардар против галаксијата Јон Вардар против галаксијата Јон Вардар против галаксијата Јон Вардар против галаксијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.