Лорен Конрад точно знае за што сонуваат девојките. 30-годишната дизајнерка ја збогати својата линија LC by Lauren Conrad со нова колекција и ги израдува своите клиентки со шармантни и женствени креации кои ќе ги освојуваат нивните срца оваа есен.
Мала доза цветна инспирација, нежни креации во бургундец нијанси и бохо шмек доминираат во колекцијата на Конрад за Kohl’s. „Секогаш црпам инспирација од сезонските трендови и од тоа што виси во мојот плакар. Есента е толку забавна сезона за дизајнирање“ – пишува познатата Американка на својот сајт.
Како и обично, самата Лорен е ѕвездата од рекламната фотосесија.
Минатиот месец, Конрад ја претстави и својата есенска колекција од линијата LC Runway.