Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Браво: Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите осум нови ѕвезди во Русија

Браво: Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите осум нови ѕвезди во Русија

Македонија има со што да се гордее. Нашата балерина Стефанија Гаштарска, која веќе неколку години живее во Русија, беше избрана за една од осумте нови балетски ѕвезди од страна на руското издание на „Форбс“.

Листата содржи осум уметници кои се сметаат за иднината на рускиот балет.

Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска

Љубовта кон балетот Стефанија ја наследи од својата мајка Марија Крстевска, која е балерина и има свое балетско студио за деца.

23-годишната Стефанија изоди трнлив пат за денес да го живее својот сон. Таа на 14-годишна возраст учествуваше на отворениот натпревар за балетски уметници „Арабеск“ во Перм, каде бил забележан нејзиниот талент. Така, доби понуда да студира една година токму во државното училиште во Перм и денес е солист првенец во Перм Опера и Балет во Русија.

Своето образование Стефанија го продолжи на Академијата за балет на Бољшој и вели дека уште од 8-годишна возраст верувала дека еден ден ќе застане на сцената од златната сала во Бољшој театарот. Таа е првата Македонка која го има постигнато овој успех.

Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.