Почетна » Новости » Актуелно » Македонка со дете со аутизам со силна порака: „Децата со атипичен развој не се играчка ниту предмет на исмејување“

Македонка со дете со аутизам со силна порака: „Децата со атипичен развој не се играчка ниту предмет на исмејување“

Амела Мемиш Апостоловска има важна порака за родителите.

Македонската авторка и мајка на дете со аутизам, кое било подложено на насилство, апелира мајките и татковците почесто да разговараат со децата во однос на децата со атипичен развој.

Во пост на Facebook, Амела сподели дека претрпела голем стрес кога нејзиниот син Леон бил изложен на „физичко и вербално насилство од дете кое е 3 години постаро од него“.

„Децата со атипичен развој не се играчка ниту предмет на исмејување“ – е нејзината порака.

Амела Мемиш Апостоловска

Еве ја нејзината порака во целост:

ОДВОЈТЕ ВРЕМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ!!!!

АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ обрнете внимание на вашите деца, одвојте време да разговарате со нив.

Денеска после толку години за прв пат се соочив со таков стрес и шок во исто време за да сега соберам сили да ви пишам директно на социјалните мрежи.

Проектите што се за перење пари и формално сликање дека одржале некој настан за спречување на булинг не врши никаква работа.

Ги замолувам сите родители да одвојат 15 минути од своето време и да разговараат со своите деца во однос на децата со атипичен развој. Денеска Леон беше подложен на физичко и вербално насилство од дете кое е 3 години постаро од него, за среќа сестра му била присутна и неговата најдобра другарка, па го спречиле тој настан. Да, ќерка ми постапи правилно што веднаш ме побара и ми соопшти, а беше спремна да влезе во директна така да ја наречам тепачка со лицето/детето кое го извршило тоа, на што ја посоветував да не оди до такви крајности и дека јас ќе преземам мерки.

Откако го поминав тој стресен и шокантен момент за мене, се соочив со стресот на Леон каде беше повлечен без да зборува 1 час додека возев каде на моите прашања одговараше многу кратко.

На моја среќа, во тој момент олеснување му беше кога си го виде својот духовен Отец Оливер Петровски, а од искуството лично и професионално полека го вратив назад да биде повторно насмеаното дете кое е сакано и не е повредено.

Нашиот крај заврши добро за Леон тоа ми е најбитното, но што со другите деца кои се незаштитени, кои немаат говор да искажат што со нив?

Вака ги воспитувате вашите деца, на ваков начин дома, да се однесуваат секаде како хулигани или ги држите дома дека е сè во ред, а на најосновните морални вредности 0 покажаност во јавност. Целиот бес кој го прекриваат од вас го исфрлаат на најслабите кога ќе ги пуштите надвор од дома , или полесно е да му се даде сè што ќе посака и ќе го допре дното на воспаленото его надвор, битно вие да сте мирни.

Запрашајте се добро што правите со своите деца и какви карактерни личности ќе израснат. Не оправдувам пубертет, тинејџер и секако не обвинувам. Тоа дете не е виновно колку што се неговите родители. Децата се чиста и јасна слика на родителите во јавноста.

(СО РЕСПЕКТ КОН ОНИЕ КОИ ТОА ГО ПРАВАТ НА ОДЛИЧЕН НАЧИН И ГИ ВОСПИТУВААТ СВОИТЕ ДЕЦА НА ПРАВИОТ ПАТ И ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ).

ДЕЦАТА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ НЕ СЕ ИГРАЧКА НИТУ ПРЕДМЕТ НА ИСМЕЈУВАЊЕ.

Амела е авторка на книгата „Различни, но слични“ која ја промовираше во изминативе месеци заедно со синот Леон.

На еден од промотивните настани, дел од книгата прочита и 11-годишниот Леон, „кој го победи најтешкиот аутистичен спектар на нарушување и денеска го живее својот Аспергеров синдром висока функционална форма на аутизам“.

ФОТО: Facebook / Amela Memish Apostolovska

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.