Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лорен Конрад за првпат го покажа новороденото синче во фотосесија за People

Лорен Конрад за првпат го покажа новороденото синче во фотосесија за People

Пред помалку од еден месец, Лорен Конрад и Вилијам Тел станаа родители на момче. Славниот пар за првпат го претстави пред светот своето синче во фотосесија за People.

За угледното списание, 31-годишната дизајнерка позираше со новородениот Лиам Џејмс и саканиот сопруг.

Лорен Конрад со семејството

Лорен изјавила дека за време на бременоста мислела дека нејзиното синче ќе се роди големо и тешко. „Убедена бев дека носам големо бебе, до таа точка што не ни купував облека за новороденче. Во мојата глава тој имаше 4 килограми“ – изјавила Конрад за синчето кое се роди тешко 3,1 килограми.

Лорен Конрад со семејството

Конрад признала дека не сака изненадувања и сакала да го знае полот на бебето: „Не сакам изненадувања. Сакам да ги имам сите информации. Го делев моето тело со некого, па сакав да знам колку што е можно повеќе за него“ – рекла таа. „Отсекогаш се надевав дека ќе имам момче. Момчињата се толку забавни“ – додала Лорен.

Лорен Конрад

Конрад и Тел стапија во брак на 13 септември 2014 година.

Свадбата на Лорен Конрад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.