Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајка по третпат: Жизел Бундшен очекува бебе на 44 години со новиот партнер по разводот од Том Брејди

Мајка по третпат: Жизел Бундшен очекува бебе на 44 години со новиот партнер по разводот од Том Брејди

Жизел Бундшен е бремена.

44-годишниот супермодел го очекува првото дете со Хоаким Валенте, со кого започна да се состанува месеци по разводот од Том Брејди. Ова е трето дете на Жизел.

Жизел Бундшен

Извор близок до парот ја потврдил оваа вест за странските медиуми, истакнувајќи дека Бундшен е во шестиот или седмиот месец од бременоста.

„Жизел и Хоаким се среќни за ова ново животно поглавје и со нетрпение очекуваат да создадат мирна средина полна со љубов за целото семејство“ – рекол изворот.

Жизел беше фотографирана пред околу една недела и си го криеше стомакот со широка блуза и голема чанта.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен

Убавата манекенка започна да се состанува со инструкторот по џиу-џицу во јуни 2023 година.

Жизел Бундшен

Таа се разведе од Брејди во октомври 2022 година по 13 години брачен живот. Тие заедно имаат две деца, Бенџамин и Вивиан, а Брејди има и син од претходна врска.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.