Џонатан и Мерцедес Санду пред неколку месеци го добија најголемото и најубавото изненадување во животот. Среќниот пар од Хјустон доби четири бебенца истовремено, кои беа сосем неочекувани затоа што се зачнати по природен пат.
Радосните родители имаат уште две поголеми синчиња, кои сега помагаат во грижата за четирите новородени сестрички.
„Животот со шест деца е прекрасен хаос“ – велат Џонатан и Мерцедес.
Тие снимија фотосесија со бебенцата, а преслатките фотографии инстантно ќе ви го згреат срцето.
Бебенцата биле родени во 29-тата недела од бременоста и поминале 86 дена на одделот за неонатална интензивна нега. Сите четири бебиња делеле една плацента, што е познато како монохорионска бременост. „Во ваков случај, постои многу поголем ризик за компликации одошто кога секое бебе има своја плацента“ – рекол докторот. Затоа, бременоста на Мерцедес била многу внимателно следена до самото породување.
Слатката четворка се роди на 1 мај оваа година. Секое од бебенцата тежело околу 1 килограм.
Брачниот пар не се обидувал да зачне, но бил пресреќен кога дознал дека нивните синчиња ќе добијат уште едно братче или сестриче. „Не се обидувавме да зачнеме, но бевме возбудени. Ни се допаѓаше идејата нашите момчиња да добијат братче или сестриче. Но, кога дознавме дека има четири... Ох Боже“ - рекле среќните родители.