Лорен Конрад негува женствен и елегантен стил, па своите преференции во однос на модниот избор ги преточува во своите дизајнерски колекции.
31-годишната дизајнерка, која е бремена со своето прво дете, постојано ја збогатува својата линија LC by Lauren Conrad со нови модни предлози кои ги мамат урбаните девојки.
Овој пат, таа нè води во пролетта со шик креации идеални за претстојните топли денови.