Лорен Конрад го најавува доаѓањето на зимските денови со нова колекција за Kohl’s. Креациите се синхронизирани со актуелните модни тенденции, како плетени блузи и фустани и мрачен цветен принт.
Под дизајнерската палка на Конрад, класичната облека придобива модерен изглед кој ги мами урбаните девојки.
Самата Лорен е моделот од фотосесијата која била снимена на локација во близина на Лос Анџелес.