Шпанија се бори со последиците од ужасните поплави кои во вторникот вечерта ја зафатија земјата и одзедоа најмалку 95 животи.
Од невремето, кое ги претвори улиците во реки, најтешко беше погоден регионот на Валенсија од каде постојано се споделуваат ужасни фотографии и видеа.
Ова е моментот кога спасувачите успеаја да одведат жена и нејзиното куче на безбедно место откако нивниот дом бил поплавен. Во видеото, маж врзува опрема за спасување околу жената, која подоцна е подигната со хеликоптер од итните служби.
Се очекува бројот на жртви да порасне додека спасувачките служби ги пребаруваат засегнатите реони.
„Вчера беше најлошиот ден во мојот живот. Бевме заробени како стаорци. Водата носеше автомобили и контејнери по улиците. Нивото на водата порасна на три метри“ – изјави градоначалникот на Утиел, Валенсија.