Вчера вечерта се одржа доделувањето на Британските музички награди. Апсолутен победник на вечерта беше ексцентричната Лејди Гага, која што освои 3 награди - за најдобра странска пејачка, за најдобар странски албум за Fame и за странско откритие на годината.
Лејди Гага му оддаде почит на неодамна починатиот дизајнер Александар МекКвин и го започна својот настап со зборовите: „Ова е за Александар МекКвин“.
Останати награди:
- Најдобар британски пејач – Дизи Раскал;
- Најдобра британска пејачка – Лили Ален;
- Британско откритие на годината – JLS;
- Најдобар британски албум - Florence And The Machine;
- Најдобра британска група – Kasabian;
- Најдобар странски пејач – Џеј Зи;
- Најдобар британски албум за изминативе 30 години – What’s The Story Morning Glory на Oasis;
- Исклучителен придонес за музиката – Роби Вилијамс.