Џастин Бибер постави нов рекорд. Тинејџерската сензација стана првата личност што добила 2 милијарди прегледувања на YouTube.
17-годишниот пејач со тоа го сруши рекордот поставен од Лејди Гага, која минатата година беше прогласена за прв изведувач со 1 милијарда кликови на популарниот сајт за споделување на видеа.
Според Famecount, сајтот којшто ја споредува популарноста на славните личности на социјалните мрежи и на YouTube, Џастин до моментов има 2.005.500.000 прегледувања, а Гага 1.884.600.000.
На трето и четвртото место според бројот на YouTube прегледувања се наоѓаат Ријана и Еминем, па следуваат Шакира, Black Eyed Peas, Бритни и Бијонсе.Сепак, Лејди Гага останува попопуларна од Џастин на друштвените мрежи Facebook и Twitter.
Погледнете го најновиот спот на Бибер за „Mistletoe“.