Лејди Гага се враќа на сцената со нова музика. Песната „Perfect Illusion“ е соработка на Лејди Гага со Марк Ронсон и Кевин Паркер.
Зборувајќи за значењето на песната, славната пејачка изјави дека текстот се однесува на социјалните мрежи и „многуте лажни нешта околу нас, нешта кои изгледаат како да се реални“. „Луѓето чувствуваат притисок да ја достигнат таа перфектна илузија во нивните вистински животи“ – вели таа.