Ким Кардашијан доби огромно роденденско изненадување. На денот кога наполни 33 години, таа го прифати и предлогот за брак на Кание Вест.
За да го постави големото прашање, 36-годишниот рапер изнајмил цел бејзбол стадион во Сан Франциско.
Ким и Кание се во врска од април минатата година, а имаат и четиримесечна ќерка. Ова ќе биде трет брак за Ким, која се раздели од претходниот сопруг Крис Хамфрис само 72 дена по свадбата.