Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кејти Холмс: „Тоа се чевли за танцување“

Кејти Холмс: „Тоа се чевли за танцување“

Сури на штикли

Откако беше строго критикувана дека ѝ дозволува на својата тригодишна ќерка да носи чевли со мала штикла, Кејти Холмс застана во своја одбрана.

„Тие се всушност детски чевли за танцување на валцер. Ги најдов за неа и таа ги обожава.“ – изјави Кејти.

Малата Сури во последниот месец беше забележана неколку пати како носи чевли со високи потпетици и тоа ги предизвика реакциите на педијатрите, кои сметаат дека штиклите на таа возраст може лошо да влијаат врз оформувањето на нозете.

Сури е ќерка на познатите Том Круз и Кејти Холмс и како дете на славни родители ужива во сите привилегии. Се проценува дека досега таа поседува облека од познати дизајнери во вредност од 2 милиони фунти.

Очигледно малата Сури сака прерано да порасне, но чудното е што нејзините родители ѝ го дозволуваат тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.