Кејти Холмс беше фотографирана како се бакнува со нејзиното ново момче Емилио Витоло Џуниор во Њујорк.
41-годишната актерка, која е поранешна сопруга на Том Круз, и 33-годишниот кувар си разменуваа нежности пред ресторанот на неговиот татко, кој редовно го посетуваат славни личности.
Но, откако јавноста дозна за нивната врска, Daily Mail објави дека тој бил свршен и дека ја раскинал свршувачката преку порака на денот на објавувањето на фотографиите.
Пријателка на неговата 24-годишна вереница Рејчел Емос за Daily Mail изјавила: „До овој момент Рејчел немаше поим што се случува. Тој е измамник и ова не е приказна со среќен крај... Тие правеа планови за свадба... сега ѝ останаа само лоши натписи и е принудена да се исели од дома“.
Кејти беше во брак со Том Круз од 2006 до 2012 година и заедно имаат една ќерка.