Очигледно е дека Кејти Холмс ужива во новата врска со Емилио Витоло Џуниор.
41-годишната актерка беше фотографирана од папараците за време на прошетка со 33-годишниот готвач во Њујорк. Поранешната сопруга на Том Круз изгледа заљубено и среќно покрај новиот дечко. Таа беше облечена во комфорна есенска модна комбинација со сако и патики.
За нивната врска многу се зборуваше изминатиов месец, поради тоа што се дозна дека Емилио бил свршен кога започнал да се состанува до Кејти. Тој ја раскинал свршувачката преку пораки откако фотографии на кои се бакнува со Кејти протекоа во јавноста.
Деновиве, тие заедно беа фотографирани повеќепати.