Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Камила Кабејо во волуменозен фустан и чизми над колената на премиера на новата верзија на „Пепелашка“

Камила Кабејо во волуменозен фустан и чизми над колената на премиера на новата верзија на „Пепелашка“

Синоќа се одржа премиерата на новата филмска верзија на „Пепелашка“.

На свечениот настан во Лос Анџелес, Камила Кабејо се појави во впечатлив стајлинг и ги насочи кон себе објективите на фоторепортерите.

24-годишната пејачка и актерка, која ја има главната улога, носеше волуменозна креација од Оскар де ла Рента. Во својот стајлинг, таа додаде црни чизми над колената.

Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“

На виолетовиот тепих, Камила позираше со актерот Николас Галицин, кој го глуми шармантниот принц, и со дел од колегите.

Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“ Премиера на „Пепелашка“

Во новиот филм, приказната за Пепелашка ќе доживее нетрадиционални промени.

Што е поразлично? Камила е прикажана како амбициозна дизајнерка чија цел во животот не е да го пронајде својот принц, туку да го развива својот бизнис. Официјалниот трејлер покажува и дека добрата самовила е всушност актерот Били Портер, а за кралскиот бал, наместо во фустан тој магично ја облекува Пепелашка во син костум. Сепак, на балот Пепелашка се појавува во блескава креација и стаклени чевлички и го освојува срцето на принцот.

Откако принцот ќе ја избере за да му биде идна сопруга, Пепелашка му кажува дека не сака цел живот да биде заглавена во кралска ложа и љубезно да мавта со раката, туку дека има свои соништа и сака да си ги оствари.

Филмот ќе се прикажува на Amazon Prime од 3 септември.

Трејлер:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.