„Пепелашка“ одново ќе биде раскажана на филмското платно, но приказната ќе доживее нетрадиционални промени.
Што е поразлично? Камила Кабејо, која ја има главната улога во филмот, е прикажана како амбициозна дизајнерка чија цел во животот не е да го пронајде својот принц, туку да го развива својот бизнис. Официјалниот трејлер покажува и дека добрата самовила е всушност актерот Били Портер, а за кралскиот бал, наместо во фустан тој магично ја облекува Пепелашка во син костум. Сепак, на балот Пепелашка се појавува во блескава креација и стаклени чевлички и го освојува срцето на принцот.
Откако принцот ќе ја избере за да му биде идна сопруга, Пепелашка му кажува дека не сака цел живот да биде заглавена во кралска ложа и љубезно да мавта со раката, туку дека има свои соништа и сака да си ги оствари.
Филмот ќе се прикажува на Amazon Prime од 3 септември.