Како претставници на филмската екипа на „Медена земја“, Тамара Котевска, Атанас Ѓоргиев и Самир Љума присуствуваа на доделувањето на Европските филмски награди во Берлин.
На црвениот тепих на таканаречените „Европски оскари“, филмските уметници пристигнаа заедно и позираа пред фоторепортерите.
Режисерката Котевска носеше долг темнозелен фустан.
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/01.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/02.jpg)
„Медена земја“ беше номиниран за Најдобар европски документарец, но за жал, наградата во оваа категорија му припадна на документарецот „За Сама“.
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/03.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/04.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/05.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/06.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/07.jpg)
Додека триото беше во Берлин, режисерот Љубомир Стефанов и снимателот Фејми Даут престојуваа во Лос Анџелес. Тие присуствуваа на Интернационалните документарни награди, каде за „Медена земја“ им беа доделени две престижни признанија.
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/08.jpg)
Ним им беа врачени наградата „Pare Lorentz“ („Паре Лоренц“) и наградата за Најдобра кинематографија.
Наградата „Паре Лоренц“ на ИДА се доделува „за пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“. Македонскиот документарец беше номиниран во уште две категории: за најдобар филм и за режија.
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/09.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/10.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/11.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/12.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/13.jpg)
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/14.jpg)
Во меѓувреме, македонскиот документарец доби уште неколку номинации и признанија на престижни интернационални филмски фестивали. „Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Номинациите за „Оскар“ ќе бидат соопштени на 13 јануари 2020 година.
![Екипата на Медена земја](/images/articles/19318/00.jpg)