Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Македонскиот филм „Медена земја“ прогласен за Најдобар светски документарец на „Санденс“

Македонскиот филм „Медена земја“ прогласен за Најдобар светски документарец на „Санденс“

Македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“.

На церемонијата што се одржа вчера во Парк Сити, Јута, САД, „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за Најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за Најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и Специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

Првпат во историјата на реномираната манифестација еден проект е награден со три признанија.

Honeyland

Екипата која стои зад филмот испрати силна порака од сцената на „Санденс“. Атанас Георгиев, продуцент и монтажер на „Медена земја“, им порача на македонските граѓани и Владата: „Ве молиме, исчистете го воздухот во нашата земја, најзагадената земја во светот.“

Honeyland

Видео од говорот

„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во Централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.

Honeyland Honeyland Honeyland

„Филмот е повеќеслоен, го покажува животот – сам по себе. Опфаќа раѓање, живот и смрт. Главната порака е дека треба да има фер поделба, односно користење на природните ресурси. Тоа всушност е и принципот на одгледување на пчелите на Атиџе, која половина од медот го зема за себе, а половина им го остава на пчелите. Човекот треба да зема од природата колку што му треба, но и да остави за оној кој тоа го произведува – во случајов пчелите. Со ова не само што им овозможува на пчелите да преживеат, туку обезбедува сигурен извор на храна и за себе, тогаш кога тоа ќе ѝ биде најпотребно“ – открива режисерот Стефанов.

„Тригодишната работа на 'Honeyland' донесе две клучни работи во мојот живот: созревање како човек и автор, и уште една голема фамилија составена од екипата со која поминавме многу неверојатни настани, како и протагонистите на филмот кои нѐ прифатија со цело срце. 'Honeyland' не е само филм кој го направивме. 'Honeyland' е животно училиште за сите нас, кое нѐ научи на многу поскромен однос кон животот и многу побескомпромисен пристап кон самото создавање филм. Може да се рече дека за големината на она кое го направивме и ќе го оставиме на светот да го види и самите сѐ уште не сме доволно свесни и тек ќе посведочиме. Но, после тригодишната максимална посветеност на целата екипа и вниманието кое го предизвика уште пред неговото завршување, на сите ни беше очекувана фестивалската кариера која му следува. Но, со премиерата на 'Санденс' во официјална селекција се оствари нашата најголема заедничка желба, токму поради тоа што овој фестивал од светски рамки поддржува независни филмови и изборот на темите со кои се занимава се пред сѐ општествено ангажирани, а не арт хаус“ – изјави режисерката Котевска.

Трејлер за „Медена земја“

„Медена земја“ беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет. Ова е првпат македонски долгометражен документарен филм, со мнозинска домашна копродукција, да влезе во конкуренција и да освои награди на „Санденс“, и токму поради ова е од големо значење за македонската кинематографија.

Honeyland Honeyland

Премиерата се одржа на 28 јануари во рамките на 38-мото издание на „Санденс“. По премиерата, документарецот доби одлични рецензии од реномираните филмски критичари и медиуми меѓу кои: Ентони Кауфман од Screen International, Шери Линден од престижниот Hollywood Reporter, Гај Лоџ од Variety, Крис О'Фалт од Indierwire, Ерик Хајнс од Film Comment, Соња Епштајн од Sloan Science And Film и други.

Музиката ја направија членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут.

Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Honeyland Honeyland

Филмот го очекуваат презентации на значајни светски фестивали. Премиерата во Скопје ќе се одржи на почетокот на март, а детали околу датумот и местото на одржување ќе бидат соопштени по враќањето на екипата од САД.

Македонската и светската јавност непрекинато искажува одушевување на социјалните мрежи:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.