Животот на Атиџе Муратова се менува по историскиот успех на филмот „Медена земја“ (Honeyland).
Протагонистката во документарниот филм со насмевка ја прими веста дека ќе добие подобрување на условите за живот.
Последната одгледувачка на диви пчели во Европа ќе добие обновен покрив на својот дом во село Дорфулија, работно место во општина Лозово и можност професионално да сними две песни.
По бројните награди на различни филмски фестивали низ светот, „Медена земја“ доби две номинации за Оскар и тоа во категориите Најдобар документарец и Најдобар интернационален филм.
Дали во Македонија ќе допатува Оскар, ќе дознаеме следниот месец.