Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Владата вети материјална помош за Атиџе и семејството од „Медена земја“, надомест за екипата и покривање на трошоците за патувањето на Оскар

Владата вети материјална помош за Атиџе и семејството од „Медена земја“, надомест за екипата и покривање на трошоците за патувањето на Оскар

Македонската влада одлучи да го награди трудот и успехот на екипата на „Медена земја“ (Honeyland).

Пред претстојното доделување на наградите Оскар, пратениците решија материјално да ги наградат главната актерка Атиџе Муратова, семејството на Хусеин и Љутвие Сам, како и екипата која го сними филмот. Исто така, Владата ги задолжи Генералниот секретаријат, во соработка со Агенција за филм и Канцеларијата на претседателот на Владата, да ги преземат патните трошоци околу патувањето на петчлената филмска екипа и Атиџе на доделувањето на Оскарите.

Атиџе Муратова

Владата на денешната седница донесе повеќе заклучоци за оддавање достојно признание на авторите на филмот „Медена земја“ Honeyland.

Обезбедена е материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, пет-члената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест.

Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот „Медена земја“ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.

Владата ги презема патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и Атиџе Муратова на доделувањето на Оскарите.

Атиџе Муратова

Целосното соопштение на Владата ви го пренесуваме во целост:

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна четврта седница, која се одржува во Штип, донесе повеќе заклучоци за оддавање достојно признание на авторите на филмот „Медена земја“, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории.

Како признание за овој најголем филмски успех на македонските филмски уметници и протагонисти на филмот „Медена земја“, Владата усвои повеќе предлог заклучоци за згрижување на протагонистите и за награди на филмската екипа на „Медна земја“.

Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги преземе сите потребни активности со кои ќе обезбеди материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот.

Министерството за култура има задолжение да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на пет-члената екипа која го сними филмот, која треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест.

Владата препорача Агенцијата за филм, да организира настан прес-конференција во која ќе разговара за улогата на владината агенција и фер распределбата на буџетските средства за поддршка на македонски филмови, и на прес-конференцијата да се поканат и продуцентите односно филмската екипа.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да организира серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, а Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука, да организираат емитувања на филмот „Медена земја“ за сите средни училишта во земјата, на Универзитетите и во домовите на култура, за широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот.

Канцеларијата на претседателот на Владата презема обврска, во соработка со продуцентите на филмот да организира бесплатно емитување на филмот за граѓаните во кината, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.

Како дел од одлуките за признание за авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“, Владата ги задолжи Генералниот секретаријат, во соработка со Агенција за филм и Канцеларијата на претседателот на Владата, да ги преземат патните трошоци околу патувањето на петчлената филмска екипа и протагонистката на доделувањето на Оскарите.

По бројните награди на различни филмски фестивали низ светот, „Медена земја“ доби две номинации за Оскар и тоа во категориите Најдобар документарец и Најдобар странски филм.

Трејлер за „Медена земја“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.