Војвотката Кетрин и принцот Вилијам го чекаат своето второ дете. Кралското семејство преку официјално соопштение ја објави веста за бременоста.
„Кралицата и членовите на двете семејства се пресреќни поради веста“ – се вели во соопштението. Сѐ уште не е познат полот на бебето кое ќе се роди следната година.
Како и во првата бременост, војвотката Кетрин страда од акутни утрински мачнини, па нејзината состојба е одблиску следена од доктори во Кенсингтонската палата.
Принцот Вилијам и Кетрин стапија во брак на 29 април 2011 година, а во јули минатата година им се роди првото дете, принцот Џорџ.