Вчера на Шоуто на Опра беше за прв пат прикажан финалниот трејлер за филмот Eclipse, кој претставува третото продолжение на Twilight.
Трејлерот покажува дека во новото филмско продолжение што ќе се појави премиерно на 30 јуни нема да недостига акција. Бела (Кристен Стјуарт), Едвард (Роберт Патинсон) и Џејкоб (Тејлор Лотнер) ќе ги остават своите недоразбирања настрана за да се здружат против вампирот убиец Викторија (Брус Далас Хауард).
Погледнете дел од она што нè очекува во третиот дел на омилената вампирска сага.