Дури и шармантниот холивудски актер Џорџ Клуни не остана рамнодушен на големиот бум што го направи вампирската сага „Самрак“. Тој го постави младиот Роберт Патинсон меѓу најзгодните мажи во Холивуд.
48-годишниот Клуни изјавил дека му е мило што не треба да се натпреварува со 23-годишната ѕвезда на „Самрак“ за добивање на филмски улоги.
„Фала богу што не треба да се натпреварувам со Роб. Тој е млад, згоден и талентиран“ – признал Клуни, кој во моментот е во сериозна врска со италијанската убавица Елизабета Каналис.
Роберт Патинсон стана еден од најпосакуваните мажи откако филмот „Самрак“ стана светски хит. Веќе долго време се шпекулира дека Патинсон е во врска со неговата колешка Кристен Стјуарт, но засега ниту еден од двајцата не ја потврдил таа информација, иако постојано се појавуваат слики од нивното непрекинато дружење.