Бакнежот помеѓу Бритни Спирс и Мадона на доделувањето на MTV Video Music Awards во 2003 година е прогласен за најдобриот бакнеж на деценијата, според анкета на британската верига продавници Selfridges.
Жешкиот бакнеж на двете поп-ѕвезди беше еден од најшокантните настани во историјата на доделувањето на музичките награди на MTV.
На второ место на листата за најдобри бакнежи се најдоа Кирстен Данст и Тоби Мегваер во „Spider-Man“ (2002г.), а на третото место е бакнежот помеѓу Хит Леџер и Џејк Гиленхал во филмот „Brokeback Mountain“.
Четвртото место го добија Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт за бакнежот во „Twilight“.
Топ 10 најдобри бакнежи на деценијата
- Бритни Спирс и Мадона, MTV Video Music Awards 2003
- Кирстен Данст и Тоби Мегваер, „Spider-Man“ 2002
- Хит Леџер и Џејк Гиленхал, „Brokeback Mountain“ 2005
- Роберт Патинсон и Кристен Сјуарт, „Twilight“ 2008
- Скарлет Јохансон и Пенелопе Круз, „Vicky Cristina Barcelona“ 2008
- Линдзи Лохан и Саманта Ронсон, Mercer Hotel NYC 2008
- Анџелина Џоли и Бред Пит, „Mr. and Mrs. Smith“, 2005
- Фрида Пинто и Дев Пател, „Slumdog Millionaire“ 2009
- Саша Барон Коен и Вил Фарел, MTV Movie Awards 2007
- Џенифер Анистон и Винона Рајдер, „Friends“ 2001