Згодниот „вампир“ Роберт Патинсон повторно успеа да ја освои титулата Најсекси маж на светот од британското издание на списанието Glamour.
25-годишниот актер успеа да освои повеќе гласови од својот колега Тејлор Лотнер, кој го зазеде второто место.
„Повеќе од 40 000 читатели на Glamour го дадоа својот глас за листата со најжешки натпреварувачи. И додека мажите од Twilight продолжија со својата доминација на листата на Најсекси мажи, читателите покажаа во најмала рака еклектичен вкус – од сребрената лисица, 50-годишниот Џорџ Клуни, до едвај легалниот Џастин Бибер. Што може тоа да значи? Не размислувајте, само уживајте“ – изјавил уредникот Џо Елвин.
Третото место го грабна Џони Деп, четвртото Дејвид Бекам, а најсексапилната петка ја заокружи Зак Ефрон.